Адвокатот на бизнисменот Јордан Камчев, Тони Менкиноски на денешната прес-конференција изјави дека не е вистина тврдењето на обвинителката Вилма Русковска дека белешката од Агенцијата за национална безбедност не е доказ во постапката во која е притворен Камчев.
Тој додаде дека сите решеније од судот со кои е ограничена слободата на Камчев, покажуваат дека експлицитно еден и единствен доказ е белешката на Агенцијата за национална безбедност.
– Како што знаеме и како што виде македонската јавност, белешката е празна и не содржи ништо. Да напоменеме согласно со македонското позитивно право или поточно со чл.43 ст.2 од законот за АНБ ,изрично е забрането податоците од АНБ да се користат како доказ во кривична постапка. Би сакаме да потсетиме дека одбрана во целиот арбитререн процес укажува на ова противправно и незаконито дејстување на АНБ и Јавниот обвинител. Но, ниту Судијата на претходна постапка, ниту кривичниот совет ниту Апелационен суд не сакаат да обрнат внимание, и оваа белкешка ја сметаат за единствен доказ во нивните одлуки – рече Менкиноски.
Тој праша зошто Јордан Камчев бил предмет на обработка на АНБ и дали Камчев претставува закана по националната безбедност?
Според адвокатот, без обезбедување на докази ја дале оваа информација до Јавниот обвинител Лиле Стефанова, што е чиста злоупотреба на службената положба во АНБ, а за која злоупотреба, како што рече некој ќе мора да сноси одговорност.
– Кривична одговорност постои и за Јавниот обвинител Стефанова, која врз основа на напишани непотврдени сознанија без обезбедени докази предложила мерка притвор. Кривична одговорност и за судијата на претходна постапка кој ја одобрил мерката без да има докази за тврдењето дека лицето Камчев припрема бегство! Кривична одговорност и за судиите од Кривичниот Совет кој по истиот скандалозен основ, ја продолжија мерката притвор – порача Менкиноски.