Реката Брегалница се излеа од коритото во Делчево, поради зголемување на водостојот во текот на ноќта.
Според видеото на МИА, реката ги поплави клупите во нејзината близина, а жителите на Делчево велат дека во изминатите десетици години ова е втор пат реката толку многу да надојде. Деновиве имаше обилни врнежи со над 20 литри дожд на метар квадратен површина.