Фото: МИА

Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“ објави дека се избрани годинешните лауреати.

За животно дело во областа на науката и образованието, наградата му се доделува на проф. д-р Атанас Вангелов, филолог.

За животно дело во областа на културата и уметноста, наградата им се доделува на: Павле Кузманоски, академски сликар; Бедиа Бегова, актерка и Махи Несими, политиколог.

Државната награда „11 Октомври“ се доделува за највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Македонија.

Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 11 октомври во Собранието.