Пратениците на Бундестагот, со големо мнозинство изгласаа владата да пристапи кон отворање на пристапни преговори со Република Македонија во октомври.
Со големо мнозинство гласови „за“, пратениците на Бундестагот дадоа одобрување за почнување на пристапните преговори на Република Македонија со Европската Унија. Поддршка доби и Албанија за почетна резолуција за почеток на преговорите. Власта и дел од опозицијата дадоа одобрување и го наведоа во повеќе наврати Договорот од Преспа како големо достигнување за регионот. „За“ гласаа 476 пратеници, против 122, а 16 беа воздражани.
Сепак, се наведува дека Македонија треба да преземе напори и да ги исполни критериумите за членство во ЕУ, а се бара и гаранција за заокружување на потребните реформи да бидат одржани, особено во делот на владеење на правото, ефикасноста на Специјалното јавно обвинителство, борбата против корупција, како и поголема заштита на човековите права.
Бундестагот го задржа правото да го смени својот став доколку биде утврдено дека условите за почнување на преговорите не се исполнети.