Неговото Височество принцот Едвард, грофот од Весекс, ќе престојува во официјална посета на Македонија, Словенија и Хрватска во периодот од 14 до 17 мај 2019 година.
Оваа посета на Македонија ќе ги потенцира цврстите односи помеѓу државата и Обединетото Кралство и акцент ќе стави на областите во кои Британија ѝ пружа поддршка на Македонија во просперитетот, стабилноста и можностите кои ќе ги имаат идните генерации.
Вицепремиерката и министерката за одбрана на Македонија, Радмила Шекеринска, го пречека принцот Едвард на скопскиот аеродром.
Ми беше чест да го пречекам Prince Edward, Earl of Wessex, најмладиот син на Кралицата Елизабета. Уникатна посета која зборува за одличните односи меѓу ?? и ??. pic.twitter.com/JmgXZDe3XS
— Радмила Шекеринска (@Sekerinska) May 15, 2019
Неговото Височество принцот Едвард ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски, а исто така ќе присуствува и на прием со Чивнинг стипендисти на британската влада заедно со премиерот на државата, Зоран Заев.
Принцот исто така ќе посети и градинка каде ќе му биде претставена програмата за ран детски развој од УНИЦЕФ.
Во придружба на министерот за надворешни работи Никола Димитров, принцот ќе присуствува на настан на кој ќе бидат промовирани врските помеѓу Македонија и Обединетото Кралство во областите на образованието, уметноста, животната средина и инклузија.
Посетата на принцот Едвард на Македонија е на тринаесетгодишната од отворањето на новата британска амбасада во Скопје, на 16 мај 2006 година.