По повод претстојните новогодишни празници, денеска, 31 декември, отворените и затворените паркиралишта со кои стопанисува ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ ќе работат до 15 часот, катната гаража до 17 часот, а шалтерите за издавање договори во Дирекцијата на претпријатието ќе работат до 15 часот.
На први јануари 2021 година сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП ПОЦ ќе бидат бесплатни за сите граѓани на Македонија.
Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавањето договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжат на втори јануари со вообичаено работно време.
– За време на божиќните празници на 6.1. (среда) и 7.1.2021 година (четврток) сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ ќе бидат бесплатни за граѓаните. Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавањето договори во Дирекцијата ќе продолжат на 8.1.2021 година (петок) со вообичаено работно време – информираат општинските власти.
Депото на пајак-службата на ЈП ПОЦ ќе работи 24/7 за време на празниците.
Тимот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ ви посакува убави новогодишни празници.