Претседателот Стево Пендаровски донесе одлука за повторно ангажирање на Армијата, која заедно со граничната полиција ќе го врши обезбедувањето на јужната и на северната граница.
Ова следува по вчерашната одлука на владината седница за постоење кризна состојба на дел од територијата поради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање мигранти и поради заштита на јавното здравје од илегална миграција во услови на пандемија.
Вчера, пратениците во Собранието не донесоа одлука за продолжување на кризната состојба по што Пендаровки мораше да ја повлече војската од границите. Неколку часа подоцна, на владина одлука се утврди постоење кризна состојба на границите.