Државната комисија за спречување корупција отвори предмет за првиот сет економски мерки. Со тоа, антикорупциска ќе ги проверува фирмите што добиле средства, но и оние што биле одбиени и зошто.
Претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, на прес-конференција денеска истакна дека комисијата ќе ги разгледа и информациите за критериумите и доделувањето на одлуката за граѓанските здруженија.
Анализите на ДКСК, вели Ивановска, се движат во насока на тоа дали буџетските средства потрошени за време на вонредната состојба биле оправдани.
Ивановска посочи дека во однос на домашната платежна картичка, ДКСК укажала оти е неопходно јавно да биде објавена листата на добитниците на тие картички за да се провери дали има системска грешка, како и дека не треба да се повторуваат мерките кои веќе биле исполнети.