Големо знаме на Република Албанија беше денес поставено на источната страна на Самуиловата тврдина во Охрид.
Случајот го забележале граѓаните кои живеат во тој дел на градот, а на фотографиите може да се забележат четири лица што го поставуваат знамето на тврдината. На социјалните мрежи се појави и фотографија на која се гледа како лице во албанска носија виори знаме на кулата на тврдината.
За случајот е информирана полицијата која испрати екипа на лица место заради утврдување на околностите во врска со настанот.
Според изјавата на Стефан Димоски, портпаролот на СВР Охрид, албанското знаме било тргнато од тврдината, а се преземаат активности за расветлување на настанот.