Албанскиот претседател Илир Мета го поздрави изгласувањето на уставните измени во македонскиот парламент, кои, како што рече, ќе му дадат живот на Преспанскиот договор и на Македонија конечно и го отвораат евроатланскиот пат, пренесе МИА.
– Ова е една многу важна историска одлука за Македонија, но и за целиот регион на Балканот, оценува Мета.
Тој посебно ја поздравува одлучноста на премиерот Зоран Заев, како и албанскиот фактор во Македонија,кои обезбедиле неопходен консензус и го отвориле патот, без враќање, на земјата кон НАТО и ЕУ.
– Албанија ќе продолжи силно да ја подржува Македонија и сите нејзини соседи на патот на евроатланската интеграција – посочува Мета.
Претходно усвојувањето на уставните измени ги поздрави шефот на албанската дипломатија Дитмир Бушати, лидерите на опозициските партии, Демократската, Љуљзим Баша и Социјалистичкото движење за интеграција, Моника Круемади,како и Тритан Шеху,поранешен шеф на албанската дипломатија.