Советот на министри на Република Албанија вчера донесе одлука за отворање генерален конзулат во Струга. Веста ја објави министерот во должност за Европа и надворешни работи, Гент Цакај, на Фејсбук.
Тој изјави дека оваа одлука е во согласност со планот за продлабочување на односите со Албанците во регионот.
– Конзуларната област на овој центар ги вклучува Струга, Охрид, Битола, Кичево, Дебар, Гевгелија, Ресен и регионот на Преспанско Езеро. Значи, овој конзулат ќе има посебна улога во поттикнување на економските односи, социјалните и културните врски помеѓу нив и Република Албанија. Ние ќе продолжиме да преземаме нови мерки за зајакнување на врските со Албанците и подигнување на албанскиот фактор во регионот – напиша Цакај на Фејсбук.