Дополнителен број паралелки нема да дозволиме, но ќе преземеме мерки таму каде е потребно без зголемување на бројот на паралелки да се надминат некои ситуации.
Ова денеска го изјави министерот за образование и наука Арбер Адеми во врска со поголемиот број пријавени од местата предвидени со конкурсот за упис во средно училиште.
– Ќе дадеме приоритет на средното стручно образование. Ако ги зголемиме квотите за гимназијалците тоа оди на штета на средното стручно образование. Упатувам апел до учениците во уписните рокови да се пријавуваат во средното стручно образование. Ова ќе биде во нивна полза имајќи предвид дека таков кадар ни треба на пазарот на труд и ќе имаат повеќе можност да бидат веднаш вработени во компаниите – додаде Адеми, одговарајќи на новинарско прашање по промоцијата на Upshift програмата за социјално претприемништво.