Утре во Западна Австралија ќе се одржат парламентарните избори, а Македонците ќе имаат можност својот глас да го дадат за едно добро познато име, Џесика Стојковски, кандидат на Лабуристичката партија.
Станува збор за Ирка, мажена за Силјан Стојковски, кој е по потекло од Битола, но многумина наши сонародници ја почитуваат како да е Македонка.
На овие избори нема кандидат Македонец, меѓутоа Стојковска добро е позната во македонската заедница во Перт поради нејзините активности и соработка со нив, а со гордост истакнуваат дека омилената пратеничка, која сега го бара и вториот мандат, добро го зборува македонскиот јазик.