Поранешниот претседател Ѓорге Иванов ја доби тужбата против Комисијата за спречување на корупција, пред Управен суд.
Антикорупциска ја донела одлуката без да му овозможи на Иванов да изложи своја одбрана, според Управниот суд.
ДКСК отвори прекрошна постапка против Иванов за унапредувањето на генерали. Според Управниот суд, противуставно е да се укине веќе стекнат офицерски или генералски чин.
ДКСК сега треба да ја повтори постапката за Иванов.