Коронавирусот е крајно сериозна тема, но нема да ги запре процесите кои се наши стратешки определби, рече денес техничкиот премиер Оливер Спaсовски и на сите граѓани им го честита влезот на државата во НАТО Алијансата отако сите 29 земји членки и формално ја прифатија Македонија како полноправна членка.
Премиерот потсети дека Шпанија за првпат гласала по електронски пат за да го ратификува Протоколот за нашето членство во НАТО.
– Вчера кралот на Шпанија Фелипе Шести го потпиша ратификацискиот инструмент и тој ќе биде депониран во Стејт департментот во Вашингтон. Веднаш потоа ние ќе добиеме информација од седиштето на Алијансата во Брисел дека сите ратификации се депонирани и дека може и ние да ја доставиме и нашата ратификација. Тоа и официјално ќе стави печат на нашето полноправно членство во НАТО Алијансата – рече премиерот.
Нашето челeнство во НАТО е реализиција на стремежите на сите од независноста до денес, исполнување на стратешка цел и имплементација на суверена одлука за која има натпартиски и меѓуетнички консензус, смета Спасовски.
Свесни за комплементарноста на НАТО и ЕУ, Спасовски нагласи дека ќе се обидеме да придонесеме за развојот на соработката меѓу двете организации. Министерката за одбрана Радмила Шекеринска рече дека ниту една политичка идеја не преживеала толку долго како идејата за членство во НАТО.
– По речиси 30 години чекање станавме 30 членка на НАТО. Додека другите одолговлекуваа ние решававме, додека се правдаа ние носевме одлуки. Во овие 2,5 години минавме низ минско поле. Некои одлуки беа ѓаволски тешки, но исправни се и во интерес на оваа и сите следни генерации граѓани. Ниту една политичка идеја не преживеала толку долго како нашето членско во НАТО. Да си го честитаме челенството во најголемата безбедносна Алијанса, но честитки и до Алијасната, ја заокружи бројката на членки – рече министерката Шекеринска.
Обединувањето за членство во НАТО Шкеринска смета дека треба да ни даде волја за справуање со сите предизвици со заеднички национален напор.