Денеска со почеток во 18 часот ќе се изврши почесна артилериска стрелба по повод приемот во НАТО, најавија од Генералштабот на Армијата.
За таа цел, од касарната „Илинден“ во Скопје, ќе бидат истрелани шест плотуни од артилериски орудија, од страна на единица на артилерискиот баталјон на Армијата.
Претходно претседателот Стево Пендаровски информираше дека денеска во 11.30 часот, според американско време, ќе се случи чинот на нашето формално зачленување во НАТО-алијансата, во главниот град на САД.