Времето во Македонија ќе биде умерено облачно со врнежи од снег, особено во западните делови. Насекаде ќе се формира нова снежна покривка од 10 до 30 сантиметри, а на планините позначителна, над 50. Заради ниските температури ќе има појава на голомразица.
Утринската температура ќе се движи од минус 10 до минус три, а дневната од минус пет до два степени.
Во Скопје слично време, умерено облачно со врнежи од снег. Утринската температура ќе се спушти до минус седум, а дневната ќе достигне до минус еден степен.
Од петок следува стабилно и суво време со ниски утрински температури, а ќе има услови и за појава на магла по котлинити.