Високата школа за новинарство и односи со јавноста во партнерство со Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип и дневниот весник „Нова Македонија“ од денеска до 14 јуни организира средношколски медиумски камп во Штип.
На кампот средношколците преку практична работа со професионални новинари и медиумски работници ќе учат како се прават видео прилози, фото приказни и како се подготвува телевизиска емисија.
Учесници на кампот се авторите на најдобрите медиумски производи од конкурсот „Изрази се преку медиумите“ и средношколци кои се активни соработници на средношколскиот весникот „Медиум“.