Фото: Маја Јаневска-Илиева

Бугарската агенцијата БГНЕС објави дека предлогот решение на португалскиот министер за надворешни работи, Аугусто Сантош Силва и еврокомесарот за соседска политика Оливер Вархеји предвидува Македонија да прифати дека македонскиот јазик е кодифициран во 1945 година.

Но, агенцијата ги повтори ирационалните барања на Бугарија, имено според официјална Софија проблемот не е во датумот на кодификација, туку во потеклото на македонскиот јазикот, а тој клучен елемент го нема во предлогот решението, пишува БГНЕС.

Бугарските и српските тези за македонскиот јазик беа отфрлени од истражувачите и дипломатите уште кон крајот на 19 век. Постојат повеќе извори за прашањето за посебноста и особеностите на македонскиот јазик.

Густав Вајганд кај ги застапуваше бугарските тези истакна дека „македонскиот говор има некои особености во фонетиката и морфологијата, кои не се сретнуваат ниту во српскиот, ниту во источно бугарскиот говор“.

Извадок од „Националните стремежи на народите“ од Густав Вајганд

Карл Хрон во своето дело „Народноста на македонските Словени“ (Das Volksthum der Slaven Makedoniens), објавено во 1890 година го искажува следното мислење: „Може да се потврди дека македонскиот јазик со своите сопствени закони за развитокот на гласовите како и според неговите граматички правила формира еден сопствен јазик, кој досега нема своја сопствена литература и поради тоа се потпира на сродната бугарска литература, која во никој случај не стои во некои поблиски односи, туку само во општо сродство

„Народноста на македонските Словени“ од Карл Хрон

Според рускиот конзул во Битола, В. Кал: „Месниот македонски јазик пред сѐ е типичен, карактерен и чуден, и покрај различните влијанија, на кои се нашол, заслужува меѓу словенските јазици одделно и самостојно да се именува како македонско наречје“.

 

Извадок од „Народноста на македонските Словени“

Британскиот дипломат Чарлс Елиот забележал дека ако дијалектите во централна Македонија добијат одделен литературен развој, може да станат посебен јазик (Charles Eliot, Turkey in Europe, London, 1900).

Едит Дуран исто така ги истакнува особеностите на македонскиот говор укажувајќи дека неговите форми не припаѓаат на литературниот српски и бугарски јазик, заклучувајќи: „Вистината е дека дијалектот на македонските Словени не е ниту српски ниту бугарски“.