Не фалат обрасци за лични карти, системот е добар, само треба да се изгласа Законот за лични карти, напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на Фејсбук.
– Не обвинувам. Само ги повикувам тие што се платени од граѓаните да ја вршат работата, да го изгласаат Законот за лични карти, бидејќи овој проблем покренува многу проблеми во секојдневното функционирање и мора да бараме излезно решение за да граѓаните ги остварат своите права – посочи Спасовски.
Министерот апелира секој еден функционер одговорно да пристапи и да им служи на граѓаните.