Времето денеска претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а во текот на денот ќе дува слаб до умерен, а во источните делови засилен ветер од југоисточен правец, информираат од управата за хидрометеоролошки работи.
Од таму додаваат дека попладне и во вечерните часови на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.
Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со силен ветер и град. Минималната температура ќе биде помеѓу 6 и 14, а максималната ќе достигне од 21 до 29 Целзиусови степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност, попладне со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе се движи од 10 до 26 степени.
Во понеделник и вторник во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а стабилно ќе биде в среда.