Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од западен и северозападен правец. УВ=6
Утринската температура ќе се движи од шест до 15, а дневната највисока температура на воздухот ќе биде во интервалот од 26 до 33 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Температурата ќе се движи од 12 до 31 степени.
Продолжува периодот на стабилно и суво време со благ пораст на дневната температура.