Во кабинетот на претседателот на „Вила Водно“, утре со почеток од 12 часот ќе се одржи седница на Советот за безбедност на Македонија.
На седницата, покрај редовните членови на Советот, на покана на претседателот Стево Пендаровски ќе присуствува министерот за здравство, Венко Филипче. На десеттата седница на Советот за безбедност ќе се разговара за актуелната ситуација со пандемијата на ковид-19 и мерките и активностите на надлежните институции, се наведува во соопштението.