Поштенската марка посветена на 20-годишнината од Охридскиот договор беше промовирана денеска од страна на македонска „Пошта“. Поштенската марка е издадена во тираж 6.000 примероци, а вредноста е 72 денари.
Директорот на „Пошта“, Јани Макрадули, истакна дека Охридскиот рамковен договор дефинираше нов начин на водењето политика во Македонија, додека првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, му се заблагодари што „Пошта“ стана дел од институциите вклуени во одбележувањето на годишнината.