Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен дожд, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20, а максималната од 25 до 30 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 27 степени.
В недела претпладне ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, а во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Од понеделник и во деновите потоа ќе настапи стабилизирање на временската состојба кога ќе преовладува сончево и потопло време со пораст на дневните температури. Во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилност со пороен дожд и појава на грмежи.