Во Македонија времето ќе биде сончево со умерена облачност, а околу пладне и во попладневните часови променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи, особено во западните и крајните источни делови. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер.
Утринската температура ќе се движи од 13 до 19 степени, а дневната температура од 19 до 30 степени. УВ индексот ќе изнесува седум.
Во Скопје сончево со умерена облачност, попладне променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи, особено во западните и крајните источни делови. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер.
Утринската температура ќе достигне до 17, а дневната температура до 26 степени.
Во понеделник околу пладне и попладне ќе има локален пороен дожд и грмежи, особено во западните и крајните источни делови. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец, кој ќе предизвика дополнително опаѓање на дневната температура. Од вторник следува период на стабилно и потопло време.