Времето во земјава ќе биде променливо облачно и свежо со засилен северозападен ветер, особено долж Повардарието. Во југозападните делови претпладне ќе има услови за слаб дожд, а на повисоките планини за слаб снег.
Утринската температура ќе се движи од еден до 10 степени, а дневната температура од шест од 18 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно и свежо со засилен северозападен ветер,
Утринската температура ќе се спушти до осум степени, а дневната температура ќе достигне до 14 степени.
Во среда утрото ќе биде студено, на места со негативни утрински температури, но преку денот ќе преовладува посончево и потопло време. Локални врнежи ќе има и во четврток и петок.