Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне.
Во источните делови на места врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Во западните делови ќе дува слаб до умерен западен ветер. Минималната температура биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 15 до 21 степен.
Во Скопје претпладне облачно со врнежи од дожд, попладне променливо облачно. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне 19 степени.
Во следните денови се очекува период на претежно стабилно време, освен во среда кога во јужните делови ќе има услови за локален дожд.