Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, синоќа приреди ифтарска вечера по повод светиот муслимански месец Рамазан.
Претседателот Иванов, како што соопшти неговиот кабинет, на присутните гости и на сите припадници на исламската вероисповед им ги честита рамазанските пости и светиот месец Рамазан кои ги негуваат вредностите кои ги зближуваат и ги поврзуваат луѓето меѓу себе.
– Ова се денови кога треба да се укаже чест и внимание, кога треба да се негуваат обичаите на нашата специфична македонска култура на традиција и соживот – рече Иванов во обраќањето.