Досега во Македонија не се забележани сомнителни случаи на коронавирусот. Граѓаните треба да бидат спокојни, системот за превенција од овој вирус целосно функционира. Ова е најновата препорака од Министерството за здравство, со која се посочува дека Македонија е ставена во рамките на земјите со вообичаена доза претпазливост при патување.
Во согласност со препораките на Светската здравствена организација, Министерството за здравство апелира до граѓаните во целост да ги следат и да ги почитуваат мерките за превенција.
– Да се воведе дополнителна заштита на храната, да не се консумира храна направена од болни животни, да се воведе дополнителна заштита при приготвувањето на храната, да се користат различни садови и ножеви за приготвување и сечкање сурова и да се мијат задолжително рацете по секое приготвување храна. При приготвување месо и јајца, истите тие убаво термички да се обработат, да се воведе посебна заштита при работа на отворени пазари, да се избегнува незаштитен контакт со болни (вклучувајќи и допир на уста, нос и очи), како и незаштитен контакт со домашни или диви животни, задолжително и често миење на раце, при кашлање или кивање да се заштитат устата и носот со марамче или со дланката – порачуваат од ресорното министерство.