Премиерот Зоран Заев рече дека повеќе не е претседател на Советот за судски реформи, на синоќешната трибина во Куманово, во рамки на претседателската кампања за поддршка на Стево Пендаровски.
– Дадов оставка од Советот за судски реформи, не сум веќе претседател таму. Морав да бидам на почетокот за тој да се раздвижи, а сега на чело е министерката за правда Рената Треневска Дескоска – рече Заев пред присутните граѓани.
Премиерот застана на чело на Советот за реформи пред една година, кога владата го формираше советот за следење на имплементација на стратегијата во правосудството 2017-2022.