Вечерва во 20 часот е закажана средба на премиерот Зоран Заев со помалите коалициски партнери. Се очекува пристигањето на лидерите на партиите во претседателската вила на Водно, која е на барање на претседателот Стево Пендаровски, откако Македонија не доби одлука лидерите на Европската Унија за старт на пристапните преговори.
Во обраќање до јавноста, премиерот Заев побара предвремени избори, а се очекува денес на средбата да биде договорен и датум за истите.