– Антонио Милошоски, поранешен министер за надворешни:
Референдумот пропаѓа, но почна операцијата „квантен скок за спасување на политичката кариера на Зоран Заев и Бујар Османи со полнење на кутиите во Чаир (одзив од 27 отсто до 15 ч., полнење 42 отсто до 18 ч.), Сарај (36 отсто до 15 ч., хиперполнење 60 отсто до 18 ч.), Липково (30 отсто до 15 ч., на 47 отсто до 18 ч.) и Арачиново (социјалдемократска излезеност од 26,7 отсто во 15 ч., квантен скок на 42 отсто во 18 ч.).
– Солза Грчева
Македонија вечна!
– Билјана Ванковска, колумнистка
Честит Ајвардеј, да ни биде потврда на 8 Септември!
– Димитар Апасиев, професор
Кога ви викавме подобро Уставен да ви го поништеше, барем немаше вака да се бламирате.
– Стојанче Ангелов, претседател на Достоинство
Јас, генерал Стојанче Ангелов, свечено изјавувам дека денеска, со чиста совест, со бесконечна верба, без трошка сомнеж, ја исполнив врвната патриотска должност. Излегов и гласав. Напред кон модерна, безбедна и економски просперитетна земја, членка на ЕУ и на НАТО. Историјата ќе им суди на оние што сега плукаат по нас.