По кратко боледување од срцеви компликации денеска на 59 години почина еден од најдобрите угостители во Македонија, Мирко Голомеиќ. Погребот ќе се одржи утре во 12 часот, на гробиштата во Горно Лисиче.
Мирко е познат како основач и сопственик на семејната групација „Рагуза”, меѓу кои се и бутик-хотелот „Вила Рагуза” на Водно, ресторанот „Рагуза 919“, ресторанот Парк и игротеката Киндер Парк во Градски парк, како и ресторанот „Рагуза360“.
Ќе се памети како човек кој повеќе од 25 години се посвети на квалитетно искуство и вкусна храна, инвестирање во иновативни технологии за храната, секогаш уникатни специјалитети и создавање на пријатен амбиент за секоја пригода. Рагуза360, неговиот ивент центар беше посетен и од папата Франциск, кој имаше можност да вкуси од уникатните специјалитети создадени од вештите раце на Мирко.
Бизнисот го започна во 1993 година, кога заедно со семејството го отворија ресторанот „Мирко 919”, кој сега е познат по името „Рагуза919“ место кое докажа дека со упорноста и вербата во сопствената идеја, успехот е неизбежен.
Последен поздрав од маркетинг-тимот на „Нова Македонија“.