„Илинден АД“ Струга известува дека ќе изведуваат градежни активности (минирање) на патниот правец Кичево – Охрид, делница Пресека – Врбјани. Во периодот од 12:00 – 15:00 часот сообраќајот ќе биде во прекин во двата правци. Минирањето може да се изведува двапати во наведениот временски период.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде што има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
За македонски државјани, граничните премини за излез од државата се отворени со потпишување на соодветна изјава која ја издава МВР на самиот премин. Со таа изјава, секој граѓанин се обврзува дека нема да бара помош од државата, во случај на проблем во странство. При влез во државата, секој граѓанин мора да приложи направен валиден PCR-тест, не постар од 72 часа, кој е негативен. Потоа на граничниот премин потпишуват „изјава за задолжителна самоизолација во траење од 14 дена“. Доколку таков тест не е приложен, или е приложен невалиден PCR-тест, тогаш задолжителен е државен карантин во траење од 14 дена.