На граѓанските организации им се потребни знаења, вештини и ресурси за да можат стратешки да го планираат комуницирањето не само кон јавноста, туку и кон целните групи – е заклучокот на денешната панел дискусија што ја организираше Институтот за комуникациски студии (ИКС) на тема: „Поефикасно комуницирање со граѓаните преку дигиталните медиуми“.
На настанот се потенцираше неопходноста за добро планирање на употребата на социјалните медиуми (кон кого, зошто и како) наспроти постоечката пракса кога овие мрежи се употребуваат стихијно, еднонасочно, а честопати и скапо.
Дел од организациите го споделија позитивното искуство од низата обуки за комуницирање преку социјални медиуми за невладините организации што ги реализираше ИКС. На настанот се промовираше и публикацијата „Како поефикасно да комуницираме со граѓаните преку дигиталните медиуми: Прирачник за граѓански организации“ и новата веб платформа со слични ресурси www.digitakt.mk.
Панел дискусијата беше завршен настан од двогодишниот проект ДигитАКТ: Комуницирање за промени, што ИКС го реализраш со поддршка на програмата Цивика мобилитас.