Планот за управување со природното и културно наследство во Охридскиот Регион предвидува забрана за градба на крајбрежјето, рушење објекти што прават крајбрежна трансформација, но намалување на катноста на објектите, кои во идинина ќе се градат во Охрид, Струга и во Дебарца. При изработката на планот нотирано е дека намален е квалитетот на водите поради реката Сатеска и таа е најцрната точка за Охридскиот Регион.
Според нив, градот има прекумерна трансформација и поради невнимание на општините, односно користеле бекатон-плочи на плоштадот, несоодветни сообраќајни решенија, поставување клима-уреди, билборди, големи објекти и поради користење несоодветни материјали.
Ана Петровска од Министерството за животна средина, која работела на изработка на планот, вели дека со зоните што ги направиле, ќе се воведе ред во Охрид и Струга. Засега не е утврдено кои од изградените објекти ќе останат во строго забранетата заштитна зона. За нив ќе пресуди студијата за оцена на културното наследство и животната средина.