Министерството за економија го објави огласот за користење одмор за работниците со ниски приходи. Потврдата е во износ од 15.000 денари, а може да ја користат семејства чии приходи не надминуваат 22.000 денари.
– Целта на овие проекти е да им се овозможи на лицата со ниски приходи да искористат годишен одмор и во исто време да им се помогне на туристичките центри во зголемување на обемот на работа надвор од туристичка сезона – се наведува во јавниот повик.
Едно лице може да поднесе само едно барање за пријавување интерес за користење средства за организиран одмор. Потврдата се издава по принципот „прв дојден, прв услужен“, а може да се искористи најдоцна до 30 ноември 2018 година во угостителските објекти од пријавените за сместување.