Умерено облачно, во северните делови со услови за краткотарен попладневен дожд. Ќе дува умерен северозападен ветер.
Дневните температури ќе се движат во интервал од 17 до 31 степен.
Во Скопје и околината слично време со температура до 28 степени.
УВ индексот ќе изнесува 8.
Од среда следува период на претежно стабилно и потопло време, освен во петок кога во попладневните часови на север ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.