Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Пообилни врнежи ќе има во јужните делови. Ќе дува умерен, а во западните и крајните источни делови повремено засилен ветер од североисточен правец.
Минималната темепратура ќе биде од 2 до 6, а максималната од 7 до 12 степени.
Во Скопје, облачно со повремен дожд со послаб интензитет. Ќе дува умерен ветер од североисточен правец. Температура 3/10 степени.
И утре ќе има локални врнежи од дожд, кои во текот на денот ќе престануваат. Ќе дува умерен до засилен ветер од североисточен правец. Од понеделник следува период на сончево време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст.