Поради интензивни врнежи од снег на планинскиот премин Стража се воведува задолжителна употреба на зимска опрема (синџири) за сите сите моторни возила, соопшти Диспечерскиот центар на ЈП „Македонија пат“ .
Снег со послаб интензитет паѓаше во текот на денот на повисоките места низ државата, а попладнево неговиот интензитет се засили.
Засега нема информации за евентуален прекин на сообраќајот на некои патни правци.