Изминатата ноќ бил регистриран нов земјотрес со епицентар во Тетово-Гостивар, информираат од Сеизмолошката опсерваторија во Скопје.
Земјотресот бил со јачина од три степени според Европската макросеизмичка скала.
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, 13.03.2021 година во 23 часот и 59 минути, регистрира земјотрес од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар со епицентар на 65 км југозападно од Скопје и со локална Рихтерова магнитуда ML2.9.
Според досегашните податоци овој земјотрес бил почувствуван од населението во Маврово, Гостивар, Тетово и Кичево.