Во пунктот за бездомници во Момин поток денеска традиционално по повод новогодишните празници ќе биде организиран ручек и доделена хуманитарна помош од топла облека за 60 бездомни лица.
Пунктот за бездомници функционира 10-тина години и нуди услуги за лицата кои немаат дом. Финансиски е поддржан од Градот Скопје, компании и хумани граѓани.