На граничните премини Богородица и Дојран има зголемена фреквенција на возила. Времето на чекање за излез од Република Македонија на Богородица е од 30 до 45 минути, додека на Дојран од 15 до 30 минути. На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
АМСМ соопшти дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, а сообраќајот се одвива по суви коловози.
Се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.
АМСМ соопшти дека во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.