На граничните премини Табановце и Богородица има зголемена фреквенција на возила, а времето на чекање за влез и излез од државата е од 45 минути до еден час, информира АМСМ.
На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подлги задржувања.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
Од АМСМ, исто така, информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Од утре, 21 јули, целосно ќе биде затворен сообраќајот на делницата помеѓу клучките Штип – Запад до клучка Штип – Југ.
Сообраќајот ќе биде пренасочен на веќе постоечкиот Регионален пат кој минува низ Штип преку Ново Село до клучка Штип-југ.