Наставниците своето незадоволство и настојување за платите да им бидат зголемени за 25 отсто ќе го изразат на 2 септември. Тие најавија предупредувачки штрајк, ќе отидат на работа но нема да држат настава, информира Синдикатот за образование, наука и култура.
Сепак, министерот за образование Арбер Адеми апелираше наставниците да се подготват за настава бидејќи учениците на 2 септември ќе одат на училиште.
Адеми објаснува дека во споредба со лани, платите на наставниците се покачени за 10 отсто, а покачувањето на платите најавено од Министерството за образование и наука засега изнесува 5 отсто, што според наставниците е многу ниско и тие бараат покачување од 25 отсто.