Министерството за труд и социјална политика најостро ги демантира штетните невистини на ВМРО-ДПМНЕ дека пензиите ќе се скратат за 400 денари месечно и манипулирањето на 300 илјади пензионери, е наведено во реакцијата на Министерството за труд и социјална политика.
-Ако некој ги кратеше пензиите тоа беше ВМРО-ДПМНЕ како претходна власт која правеше усогласувања надвор од законската рамка и не им го исплаќаше целото покачување кое ги следуваше со Закон. Оваа Влада се грижи за сите граѓани, за сегашните и за идните генерации пензионери и усогласувањето на пензиите ќе го прави два пати годишно и тоа 100% со порастот на трошоците на живот, наместо 50% како што беше претходно. Се воведува и и дополнително усогласување на пензиите од 1 април, доколку бруто домашниот производ во претходната година има реален пораст над 4%- стои во реакцијата од Министерството за труд и социјална работа.
Како за споредба, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во 2015 пензиите ги зголеми за621 денар и тоа само за 4 месеци. Во 2016 исто така усогласувањето се правеше надвор од законската регулатива и пензионерите добија по 654 денари само за еден месец од календарската година. На овој начин пензионерите не добиваа усогласување на пензиите во текот на целата година туку 2 месеци пред избори. Во 2017 година усогласувањето е направено според Закон, а пензионерите за цела година добија покачување од 1.974 денари. Во 2018 година усогласувањето се направи исто така според Закон и пензионерите и покачувањето изнесуваше 4.362 денари за цела година.
Исто така, наведуваат од Министерството за труд и социјална работа, актуелната власт изминатите речиси две години обезбеди стабилна исплата и континуиран раст на пензиите. Доказ за тоа се статистичките параметри коишто покажуваат евидентен раст на пензиите во Македонија. Така, во 2016 година просечната пензија изнесуваше 13.754 денари, во 2017 година 13.954 денари, а во 2018 година 14.421 денари. Секој пензионер преку едноставна споредба на пензиските чекови може лесно да пресмета и докаже колкав е порастот на пензиите во изминативе 19 месеци. Манипулаците на ВМРО ДПМНЕ се штетни за граѓаните и пензионерите, велат оттаму.