Дваесет и седумгодишен пациент на дијализа добри бубрег од почината донорка. Претпладнево успешно заврши првата трансплантација на бубрезите кои вчера доцна во ноќта беа експлантирани на Клиниката за Урологија.
Во моментов во тек е втората трансплантација кај 40-годишен пациент со хронична бубрежна болест, кој исто така ќе добие бубрег од починатиот донор.
Благодарение на семејството на 21-годишната девојка кое ги донираше органите, досега се спасија три животи.
Од понеделник на Клиниката за ортопедија ќе се трансплантираат коски и делови од меки ткива кај пациенти со ортопедски болести.