На повеќе места во државата попладнево се очекуваат врнежи од снег, освен на југоистокот каде врнежите ќе бидат од дожд. Пообилни врнежи ќе има во западните и југозападните делови од Македонија каде се очекува да наврнат и над 30 литри на метар квадратен и на повеќе места ќе се формира снежна покривка.
Управата за хидрометеоролошки работи информира дека во текот на денот и во Скопската котлина врнежите ќе преминуваат во снег и ќе има услови да се формира мала снежна покривка.
Утринските температури ќе се движат од -3 до 4 степени, а дневните од 1 до 10 степени.
Нов влажен бран со пообилни врнежи претежно од дожд ќе има во вторник.