Во пресрет на претстојните локални избори што ќе се одржат в недела на 17 октомври, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР (Куманово, Штип, Велес, Струмица, Битола, Охрид и Тетово) на 16 октомври (сабота), ќе работат на прием и издавање на лични карти со редовно работно време од 8 до 16 часот.
Истовремено и Одделението за управни работи Скопје во објектот на МРТВ в сабота, 16 ќе работи на прием и издавање на лични карти со редовно работно време од 8 до 16 часот.
В недела, пак, сите наведени надлежни организациони единици ќе работат само на издавање на изготвени лични карти за граѓаните со работно време од 7 до 19 часот, вклучувајќи ги и дисперзираните пунктови во ОУР Скопје (Ѓорче Петров, Беко, Бутел и Драчево).